Пејачот Дарко Лазиќ се огласи откако се појави веста дека имал несреќа додека возел квадбајк. Според медиумските извештаи, Дарко си ги скршил ребрата кога паднал од квадбајкот, а фолк-пејачот сега тврди дека се чувствува одлично и дека немало никаква несреќа.
– Не сум возел квадбајк цела година, утре ќе возам мотокрос. Боже, што сѐ ќе измислат – рече луто пејачот и додаде:
– Не знам од каде некој ја добива таа идеја, но јас не би можел да се качам на мотоцикл ако си ги скршев ребрата.
За потсетување, Дарко неодамна имаше сообраќајна несреќа со сопругата, во која се здоби со повреди на главата, а неодамна проговори за деталите и призна дека консумирал алкохол .
– Нема да кажам дека не пиев, пиев, но си налеав енергетски пијалок на видеото за да ја видам реакцијата на Каќа, да се пошегувам со неа. Подоцна, испив неколку пијалоци, не можам да кажам дека не. Чекам да го видам медицинскиот извештај, мислам и стојам на фактот дека е 1,90 и нешто, тоа се две шишиња, тоа е невозможно. Не пиев толку многу, испив неколку пијалоци – рече Дарко.
