15:14 - 2 јануари, 2026

Дара Бубамара има големи планови за 2026 година: „Можеби ќе се омажам, имам прекрасен партнер“

Српската пејачка Дара Бубамара остави турбулентна година зад себе, но на крајот – позитивна и поучна. Иако со децении важи за една од најбараните пејачки во регионот, изминатата година, како што самата признава, ѝ донела и сериозни предизвици, особено на професионален план.

„Во глобала ми беше убава година, но имаше и тешки моменти, особено до јуни. Издавав албум, имав многу трошоци и многу вложував – сè сама. Сам свој спонзор, како што сакам да кажам“, искрено вели Дара за „Курир“, додавајќи дека втората половина од годината ѝ донела олеснување и подобра енергија.

Еден од клучните моменти во 2025 беше и нејзиното појавување во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, кое, според неа, претставува ново и освежувачко искуство.

„Толку многу промени имаше што некогаш ни сама не можам да се соберам. Она што јас го проживувам за една недела, некој не го проживува за цел живот“, вели таа.

За атмосферата во жирито додава: „Внесов нова енергија и смеа. Колегите ми велат дека одамна не се смееле толку многу. Сега конечно излегува онаа вистинска Дара“.

Иако важи за човек без „влакна на јазикот“, Дара истакнува дека во новата фаза од животот научила да биде повнимателна, особено кога станува збор за приватноста.

„Рани години бев премногу искрена и премногу зборував. Сфатив дека приватниот живот треба да се чува за себе. Зошто да се експонирам, кога има многу љубоморни луѓе?“, вели таа.

Сепак, не крие дека љубовта ѝ цвета.

„Среќна сум и заљубена, но и на мене и на мојот партнер ни е полесно да не зборуваме за детали“, кратко порачува пејачката, која својот избраник вешто го држи подалеку од очите на јавноста.

Голема поддршка во животот ѝ е и синот Коста, за кого со гордост зборува.

„Тој е многу талентиран и сестран. Но, растеше покрај мене и гледа колку е тежок овој пат, па верувам дека ќе биде иден бизнисмен. Само размислува за пари и криптовалути“, вели Дара со насмевка.

Кога станува збор за 2026 година, плановите се амбициозни.

„Издавам нови песни, но покренувам и приватен бизнис. Имам навистина големи планови – а можеби и ќе се омажам. Никогаш не се знае, животот е чудо“, открива таа.

Иако не се смета за претерано суеверна, Дара и понатаму не се откажува од малите новогодишни ритуали.

„Последниве години секогаш носам нешто црвено – црвени гаќички или црвен лак. Сакам да имам барем еден црвен детал“, додава низ смеа.

Слични објави

(Фото) Гавазова го покажа домот за Нова година, еден детаљ е посебен

msp-admin

(Видео) „Исплива“ емотивна снимка од Нова година: Александра Пријовиќ пееше на сцена, а сопругот Филип нежно си ја прегрна

Еспресо

(Фото) Миро Кацаров го покажа синот и својот дом: Господ ми даде сѐ

msp-admin

Теа Таировиќ си ги кажа желбите за 2026 година: „Мајчинството е најубавото нешто што може да ѝ се случи на една жена“

Еспресо

(Фото) Холивудски изглед на Маја Панчева со посебен повод

msp-admin

(Фото) Уна Чолиќ во мини и деколте, а дечко ѝ опкружен со трубачи: Вака ја прославија Нова година во Црна Гора

Еспресо
Се вчитува....