7.8 C
Скопје
21:38 - 30 март, 2026

Данска гласаше „за“ сo 67% за учество во одбранбената политика на ЕУ; Фредериксен: „Кога заканата за слободата чука на врата, не можеме да останеме неутрални“

Данска во средата (1-ви јуни) гласаше и одлучи „ДА“ за учество во одбранбената политика на ЕУ. Огромната победа на „да“ на референдумот што го побара владата, со задоволство беше дочекан во Брисел, а доаѓа нешто повеќе од три месеци по руската инвазија на Украина.

Големо мнозинство од Данците кои излегоа на гласање гласаа за приклучување кон одбранбената политика на блокот. Според првите податоци од пребројувањето, „да“ гласале дури 67% од граѓаните.

Од 24 февруари, кога започна војната во Украина, безбедносниот пејзаж почна да се преобликува. Од една страна се случи барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО, од друга, е намерата, изразена со зборови, да се зајакне безбедносната и одбранбената политика на Алијансата.  Данскиот референдум за елиминирање на историската апстиненција од соработка во оваа област е последниот чекор од промената што се случува. Промена која ги наведе пред се нордиските земји да се обидат да ги зајакнат врските со европскиот блок, реагирајќи на заканата од Москва.

„Кога заканата за слободата чука на вратата на Европа и повторно има војна на нашиот континент, не можеме да останеме неутрални. Ние ја поддржуваме Украина и украинскиот народ“, рече данската премиерка Мете Фредериксен во својот говор во средата навечер.

„Оваа вечер Данска испрати многу важна порака до нашите сојузници, до НАТО, до Европа. И ние испративме јасна порака до Путин“, додаде премиерката. Сепак, Фредериксен исто така рече дека земјата мора „да запомни дека една третина од Данците гласале против“ и дека „многумина остануваат против Европската унија“.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....