17:02 - 6 април, 2026

Данијела Димитровска во мини здолниште на „Маракана“: Кожен фустан и штикли во прв план, мажите останаа без зборови

Манекенката и водителка Данијела Димитровска уште еднаш покажа дека знае како да го привлече  внимaнието каде и да се појави. Овојпат таа направи вистински „хаос“ на социјалните мрежи со фотографија од стадионот „Маракана“, каде што присуствуваше на фудбалски натпревар.

Иако ваквите настани обично не се поврзуваат со гламурозен стил, Димитровска реши да заблеска – облече краток кожен фустан и високи штикли, а фотографијата на која ги прекрсти своите витки и извајани нозе го запали Инстаграм. Коментарите не изостануваа, а многумина се согласија дека „мажите едноставно останале без зборови“ кога ја виделе во ова издание.

Фото: Инстаграм/Данијела Димитровска

За својот изглед Димитровска редовно се грижи со тренинзи и здрава исхрана.

„Утринската и вечерната нега секогаш започнуваат со темелно чистење на лицето – не прескокнувам ни тоник, ни чистач, тоа ми помага да ја освежам и подготвам кожата за денот“, открива манекенката.

Таа искрено признала и на што ѝ е слабост: „Пециво, тесто, паста… и чипс, тоа ми е проблем. Но се трудам да ги исфрлам бидејќи ми создаваат тежина и непријатност. Затоа преминав на интегрална паста или од црвена леќа и се трудам секогаш да најдам поздрави алтернативи“.

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....