7.8 C
Скопје
23:13 - 31 март, 2026

Дали ќе слушнеме барем едно „извини“ – Брнабиќ реагираше на изјавата за планираниот атентат на Вучиќ

По се што слушнавме денеска во судницата на Специјалниот суд во Белград, јасно е дека кланот на Вељко Беливук бил подготвен да ја смени демократски избраната власт во Србија. Нивниот најголем противник е претседателот Александар Вучиќ, реагира на Твитер српската премиерка Ана Брнабиќ

Таа им се заблагодари на безбедносните служби кои го спречија атентатот на Вучиќ кога тој објави војна против организираниот криминал и мафијата.

– Сега кога слушнавме и признание од оние кои планираа напад на срцето на државата, ќе слушнеме ли барем едно „извини“ од сите оние кои се потсмеваа на знаењето на нашите служби“, изјави  Брнабиќ. , откако сведокот на судењето изјави дека криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ планирала убиство на претседателот Александар Вучиќ.

Таа додаде дека борбата, сепак, не е завршена и дека главните организатори се уште се на слобода и надвор од дофатот на српските власти.

Обвинетиот сведок Срѓан Лалиќ како што објавија српските медиуми, денеска во продолжението на судењето на криминалната група Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во Специјалниот суд во Белград изјави дека членовите на таа група како најголема закана го гледаат претседателот Александар Вучиќ, за кого планирале ликвидација.

Лалиќ пред судот изјави дека слушнал од другите членови на групата дека Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан, чиј огранок беше групата Беливук-Миљковиќ, испратил пет милиони евра со цел да ја собори актуелната власт во Србија и да инсталира друга која што би работела во корист на кланот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....