5.8 C
Скопје
02:24 - 1 април, 2026

Дали Илон Маск стана вториот најбогат човек во светот и го надмина Бил Гејтс?

Се чини дека Илон Маск продолжува да се искачува повисоко на ранг-листата на најбогати луѓе во светот. Нето-вредноста на извршниот директор на „Tesla“ повторно порасна, бидејќи акциите на неговите електрични автомобили достигнаа рекордно ниво, зголемувајќи ја неговата нето-вредност на 127,9 милијарди долари, според индексот на „Bloomberg Billionaires“, кој ги следи 500-те најбогати луѓе во светот.

За само неколку часа Маск се најде малку над Бил Гејтс, ко-основачот на „Microsoft“ кој е втората најбогата личност во светот, чие богатство се проценува дека вреди 127,7 милијарди американски долари.

EPA-EE
EPA-EFE

Богатството на Маск е директно поврзано со „Tesla“. Неговиот најголем адур де факто се акциите на компанијата, од кои последно поседуваше околу 20%.

Оваа година се покажа како многу добра за него. Досега, во 2020 година, акциите на компанијата се зголемија за скоро 524%, помагајќи му на Маск да додаде над 100 милијарди долари на неговото богатство. Тоа е повеќе од кој било на глобалната листа на богати, објавија од „Bloomberg“.

EPA-EFE
фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Сепак, светот не смее да заборави дека Гејтс веројатно би бил уште поголем милијардер, но тој и неговата сопруга Мелинда Гејтс славно ветија дека поголемиот дел од своето богатство ќе го дадат во добротворни цели.

Прв на листата на најбогатите личности во светот, останува извршниот директор на компанијата „Amazon“ Џеф Безос со богатство во вредност од 182 милијарди долари.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....