6.8 C
Скопје
18:54 - 19 февруари, 2026

„Човек зема пијалок, пијалокот зема сè друго“: Цитати на Метју Пери кои ќе ги променат животите на многумина

Нема обожавател на познатите „Пријатели“ кој не бил погоден од веста за трагичната смрт на саканиот Чендлер. Семејството и пријателите денеска го испратија Метју Пери во вечниот дом, а деталите за причината за смртта се уште не се официјално потврдени.

Веста за неговата смрт го шокираше светот, како што и предвиде актерот велејќи: „Кога ќе умрам, сите ќе бидат шокирани, но никој нема да биде изненаден“, а токму таа реченица ја опишува целата недела одбележана со неговата смрт.

Според најблиските, Метју Пери тукушто трнал по својата нагорна животна патека, делувал исполнето и задоволно, особено по мемоарите што ги објави минатата година, под наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“.

Оваа книга инспирираше многумина, а самиот Пери рече дека ја напишал, меѓу другото, за луѓето да бидат свесни дека не се сами и дека многумина поминуваат низ истите проблеми како нив, а во книгата напиша и за снимањето на серијата „Пријатели“, проблеми со депресија, зависност од алкохол и дрога и многу други работи.

Инстаграм

Ова се неговите десет највпечатливи цитати:

– Многу е чудно да се живее во свет каде, ако умрете, тоа би ги шокирало луѓето, но не би ги изненадило.

– Мислам дека всушност треба да ги оствариш сите свои соништа за да сфатите дека тоа се погрешни соништа.

– Ако предолго гледате во ретровизорот, ќе го слупате автомобилот.

– Знаете ли што ги прашува Свети Петар сите што се обидуваат да влезат во рајот? Ги прашува дали имаат лузни, а кога сите гордо одговораат дека немаат, тој едноставно ги прашува: Зар немало нешто за што вредело да се борите?

– Сега, после сите овие години, сигурен сум дека станав познат за да не го трошам целиот мој живот обидувајќи се да станам познат. Мора да станете познат за да знаете дека тоа не е одговорот. И никој што не е познат, во тоа никогаш нема да поверува.

– Не сум најголем љубител на соочуваата. Поставувам многу прашања, само не гласно.

– Човекот зема пијалок, пијалокот зема се друго.

– Никогаш не знаеш каде нешто ќе те однесе. Претпоставувам дека лекцијата е да се искористи секоја прилика бидејќи нешто може да излезе од неа.

– Зависноста, таа голема страшна работа, е премногу моќна за човек сам да ја надмине. Но, заедно, ден по ден, можеме да ја победиме.

– Ако сакате да ги обвинувате вашите родители за лоши работи, мора да им дадете заслуга и за добрите.

 

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....