5.8 C
Скопје
04:52 - 1 април, 2026

Бугарската пејачка Јорданка Христова откри: „Сопругот ми го скрши носот и се обиде да ме изгори со цигара“

Бугарската пејачка и музичка легенда Јорданка Христова на промоцијата на својата трилогија „Исповед“ откри детали од четиригодишното психичко и физичко насилство кое го трпела од покојниот сопруг Георги Стоичков. Таа проговори за повеќе инциденти, за болните моменти кои ги преживеала, но и за силата која ја извлекле нејзините деца. Христова сподели и една тајна што ја чувала шест години – дека е баба на две внучки.

Таа зборуваше за првиот пат кога доживеала насилство.

– Мразам насилство. Никогаш никој во моето семејство не ме удрил. Но кога Георги почна да го истура својот гнев не само врз мене, туку и врз мојот син, знаев дека морам да побарам помош. Не сакав повеќе да бидам тивка.

А потоа додаде како и го скршил носот.

– Се вратив дома околу 22:30 часот. Тој ме чекаше во ходникот. Само зачекори кон мене и ме удри. Од тогаш носот ми е искривен. Тој само шиштеше: Каде се парите? Бев преплашена.

Таа истакна дека се обидел и да ја изгори со цигара.

– Се заштитив со раката, рефлексно. Лузната ја носев со години. Такви работи не се забораваат.

Вели дека најголема мотивација да го издржи насилството биле нејзините деца.

– Тие се моите ’двајца мускетари‘. Во секоја тешка ситуација стоеја зад мене. Синот ми не сакаше да зборувам за него во медиумите и го почитував тоа. Но да, имам две прекрасни внучки – Екатерина и Елена.

Во книгата зборува и за врската со Фидел Кастро.

– Постоеше љубов меѓу мене и Фидел Кастро. Каква љубов – читателите ќе дознаат. Тој беше вистински маж и ќе го почитувам засекогаш.

Вели дека денеска живее мирно, а нејзиниот „лек“ се јогата, музиката и публиката. Сака да се дружи, да пее, да игра. Тоа ја одржува.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....