6.8 C
Скопје
02:21 - 31 март, 2026

Бруклин Бекам ги негира несогласувањата меѓу Викторија Бекам и Никола Пелц: „Не е точно дека не се согласуваат“

Бруклин Бекам Пелц ги негира несогласувањата меѓу мајката Викторија Бекам и сопругата Никола Пелц Бекам. „Не е точно дека не се согласуваат“, изјави тој за Варајети во интервјуто кое имаше цел да го претстави како готвач, односно како  „целосно самоук“ готвач.

Сепак, меѓу два рецепти тој не можеше да се воздржи а да не прозбори за наводната криза меѓу свекрвата и снаата, криза родена – според британските таблоиди – за време на подготовката на венчавката и криза која потоа експлодираше во следните недели.

„Никола ми кажа дека се појавиле озборувања затоа што избрала фустан на Valentino Couture, наместо да носи венчаница дизајнирана од мајка ми“, искрено објасни Бруклин.  „Но, зад овие тречеви нема никакво несогласување: едноставно, ателјето на мајка ми немаше време да го доврши фустанот за датумот на венчавката и Никола и таа мораше да направи друг избор. Не беше Никола таа што рече „не сакам“ и не беше мајка ми таа што рече „не може“, објасни тој.

Понатаму во разговорот Бруклин уште еднаш негира дека постојат кавги во семејството:

„Сите добро се согласуваме. Едноставно има и такви луѓе кои уживаат да создаваат раздор“, прецизира тој.

А за да го поддржи во изјавите, сега се појави конечно и Викторија Бекам, која заедно со Дејвид, на своите социјални мрежи му честитаат на нивниот син Бруклин за насловната страница на Variety.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....