4.8 C
Скопје
21:29 - 20 февруари, 2026

Бритни Спирс се повреди додека танцуваше со ножеви: „Долго време е фасцинирана од ножеви, ги чува под кревет“

Пејачката Бритни Спирс ја повредила раката додека танцувала со ножеви, пишува „Пејџ сикс“.

Пред некој ден, 41-годишната Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм видео на кое таа танцува со кујнски ножеви за сечење месо.

„Денес почнав да играм со ножеви во кујната! Не грижете се, ова не се вистински ножеви!“ – ѕвездата ги увери своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Сепак, во следното видео со жежок танц, Бритни носеше завој на раката. Новинарите на таблоидот „Пејџ сикс“ привлекоа внимание и на очигледната исеченица на бутот на пејачката и сугерираа дека ножевите се вистински.

принтскрин

Во мај 2023 година, таблоидот ТМЗ во документарниот филм „Бритни Спирс: Цената на слободата“ објави дека Бритни Спирс долго време била „фасцинирана“ со ножеви, па дури и спие со нив под нејзиниот кревет. Основачот на ТМЗ, Харви Левин, рече дека пејачката живее „во смртен страв“ дека некој ќе ѝ дојде дома среде ноќ, дека „ќе ја врзе со јаже и ќе ја однесе во психијатриска болница“.

На 16 август се дозна дека Бритни Спирс се разведува од Сем Асгари една година по нивната венчавка. Според новинарите, една недела претхосно Асгари имал голема кавга со сопругата поради гласини за нејзиното неверство. Потоа, тој се иселил од нивниот заеднички дом и поднел барање за развод. Медиумите објавија дека Спирс го пријавила нејзиниот сопруг за семејно насилство.

Слични објави

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....