14:15 - 5 април, 2026

Бритни Спирс ги преплаши фановите: „Ќе останам засекогаш трауматизирана од моите минати искуства, цел живот“

Момент на радост по една многу деликатна фаза од нејзиниот личен живот – Бритни Спирс ја најави својата долгоочекувана соработка со Елтон Џон, но веќе се „најде“ на интернет уште пред официјалното претставување. Во меѓувреме пак, поп ѕвездата во истите часови се пожали на социјалните мрежи со испад кој многу ги исплаши нејзините многубројни фанови.

На почетокот на овој месец, Бритни Спирс со голем ентузијазам го најави нејзиниот нов проект (шест години по нејзиниот последен албум „Glory“). И тоа соработка со Елтон Џон – тој всушност ја создаде „Hold me closer“, модерна верзија на  „Tiny Dancer“ која во 1971 година придонесе за градење на легендата за британскиот крал на светската поп сцена.

Меѓународното лансирање на песната беше закажано за петок на 26 август, но неколку дена претходно нејзината целосна аудио верзија заврши нелегално на Итернет, поточно (нелегално) на Телеграм. Лош удар за Бритни Спирс, која благодарение на ексклузивната соработка со Елтон Џон се врати да се посвети на музиката по шест години поминати главно на решавање на големите правни проблеми со нејзиниот татко Џејми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

И токму во оваа насока се појави објавата која предизвика страв кај нејзините фанови. Бритни Спирс, имено, објасни на Инстаграм дека темнината во нејзиниот живот ни оддалеку не се расчистил.

„Лудо е како животот на секого изгледа толку совршено на социјалните мрежи – напиша таа, не случајно избирајќи прекрасна фотографија од роза -. „Но, кога објавувам материјал, најчесто се чувствувам исклучително непријатно да се навраќам на моето минато“, вели таа и додава деканејзиното расположение се подобрило, но дека -„ ќе останам засекогаш трауматизирана од моите минати искуства. Цел живот.“.

Слични објави

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova
Се вчитува....