9.8 C
Скопје
21:33 - 19 февруари, 2026

Борис Бекер за затворските денови: „Ѓоковиќ стана дел од моето семејство, ми го издржуваше семејството додека бев зад решетки“

Поранешниот шампион го претстави документарниот филм за неговата кариера на Филмскиот фестивал во Берлин.

„На некој начин, мојот живот како тенисер ме подготви за моето време во затвор. Затоа што единственото нешто што те спасува на теренот во финалето на Вимблдон е твојот ум: се плашиш, го почитуваш противникот, не го познаваш судијата, не знаеш каков натпревар ќе биде. А животот во затвор е многу, многу сличен: никогаш не знаеш што те чека зад аголот утре“ – изјави поранешниот тениски шампион Борис Бекер на Берлинале по повод претставувањето на документарниот филм за неговата кариера „Бум! Бум! Светот против Борис Бекер“.

Шесткратниот победник на Гренд Слем беше осуден на осум месеци затвор поради лажен банкрот во Англија.

Германскиот тенисер Борис Бекер му се заблагодари и на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за поддршката што му ја давал додека бил во британскиот затвор.

Бекер откри дека плачел во затвор додека го гледал Ѓоковиќ како го освојува Вимблдон во 2022 година.

„Ѓоковиќ стана член на семејството. Новак ме поддржуваше додека бев во затвор. Тој го издржуваше моето семејство. Плачев кога видов како Новак освојува турнири. Многу сум горд на фактот што веројатно еден од најдобрите играчи на сите времиња е дел од приказната за мене“, изјави Бекер.

Бекер беше ослободен од затвор во средината на декември минатата година, откако отслужи осуммесечна казна за прикривање имот и заеми вредни речиси три милиони евра за да избегне враќање на долгови.

Тој беше осуден на две и пол години затвор во Велика Британија откако беше прогласен за виновен по четири точки од обвинението според Законот. Бекер беше тренер на српскиот тенисер од 2013 до 2016 година.

„Знаете дека јас и Ѓоковиќ имавме долгогодишна професионална соработка и дека ја прекинавме во 2016 година. Но, секогаш бевме блиски, особено за време на мојот притвор“, додаде Бекер.

За премиерата на документарецот претставен на Филмскиот фестивал во Берлин, славниот тенисер признава:

„Одлично е чувството да се биде слободен. Сите мораме да се подобриме. Друго прашање е дали е можно. Во состојба сум да го обновам својот живот и се надевам дека филмот ќе прикаже еден аспект од мојот живот кој не е толку познат на јавноста“, заклучува Бекер.

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....