1.8 C
Скопје
01:59 - 27 октомври, 2026

Бобан Здравковиќ проговори за скандалот со настапот кај Александра Пријовиќ: Хонорарот не бил причина зошто не гостувал

Пејачот Бобан Здравковиќ не се појави на концертот на Александра Пријовиќ како гостин, а откако се појави информација дека ѝ побарал пари, тој откри за што всушност се работи.

За концертната турнеја на Александра Пријовиќ сè уште се зборува. Пејачката, која неодамна се породи, на секој концерт имала специјални гости, а многу колеги од естрадата со задоволство се одзвале на нејзините покани.

Меѓутоа, не и Здравковиќ, кој наводно за гостување на концертот побарал 4.000, за што тогаш медиумите интензивно пишуваа. Пејачот сега во емисијата „Амиџи шоу“ проговори за тој скандал, иако претходно не сакал да зборува кога темата била актуелна.

„Јас не сум побарал пари од неа. Нејзиниот менаџер се јави и се договоривме, што се однесува до датумот, да видиме дали сум слободен. Јас тој ден бев зафатен, морав да го откажам мојот концерт во Бугарија и тогаш, нормално, кажав цена за мојот настап, како што и јас сум плаќал пејачи и пејачки на моите концерти“, објасни Бобан и додаде:

„Многу концерти имам одржано, мислам дека тоа не е никаква сензација, тоа е сосема нормално.“

Инаку, на концертите на Александра Пријовиќ низ целиот регион настапувале многу нејзини колеги, меѓу кои Весна Змијанац, Индира Радиќ, Теа Таировиќ, Јелена Розга, Саша Матиќ, групата Ѓогани, Лепа Брена, Лексингтон бенд, Осман Хаџиќ, Ал Дино и многу други.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....