11:16 - 19 ноември, 2026

Покажи ми која сум без страв: Ивона со со нова мотивирачка порака

​Популарната пејачка Ивона Јо уште еднаш докажа дека нејзината трансформација не е само физичка, туку и длабоко духовна.

Во своето последно видео снимено во теретана, додека посветено работи на својата форма, таа сподели емотивна молитва.

​Наместо класично видео за вежбање, Ивона фокусот го стави на внатрешната сила и ослободувањето од сопствените бариери.

Фото/Инстаграм

​„Покажи ми која сум јас без никаков страв. Покажи ми која сум без ограничувачки верувања,“ се вели во аудио подлогата на видеото.

​Преку кадрите на кои се гледа нејзината дисциплина, пејачката испраќа порака за прифаќање на сопствената вистина и верба во патот по кој чекори. Таа нагласува дека сè што е наменето за нас, веќе е наше и дека животот се одвива совршено кога ќе го отфрлиме товарот на несигурноста.
​Ивона Јо одамна е инспирација за многу млади луѓе во Македонија, отворено зборувајќи за борбата со килограмите, самодовербата и менталното здравје.

Слични објави

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо
Се вчитува....