2.8 C
Скопје
00:58 - 27 октомври, 2026

Милан Станковиќ ќе прави естетски зафати? Се подготвува за големо враќање на сцената

Пејачот Милан Станковиќ во најголема тајност подготвува враќање на музичката сцена, кое, според информации од извори блиски до него, се очекува наесен.

Иако во јавноста се шпекулираше дека подготвува албум, засега станува збор за две нови песни – една брза и една емотивна балада, за кои веќе се снимени вокалите. Дел од луѓето кои ги слушнале, тврдат дека имаат потенцијал да станат големи хитови.

Покрај музичкиот камбек, Станковиќ работи и на физичка трансформација. Ангажирал личен тренер и нутриционист, со цел до септември да ја доведе својата форма до максимум, а како што се наведува, планира да симне околу 15 килограми.

Во план се и одредени естетски корекции – липолиза за намалување на масните наслаги, корекција на подбрадокот, како и ботокс за освежување на изгледот.

За новите песни ќе бидат снимени и два високобуџетни спота, кои, според најавите, ќе изгледаат како мини-филмови. Станковиќ веќе преговара со тим кој стои зад некои од најпознатите домашни музички видеа.

И покрај враќањето на музиката, засега не планира концерти ниту медиумски настапи – фокусот му е исклучиво на новите проекти и на тоа да им возврати на фановите за долгогодишната поддршка.

Интересот за неговото враќање не стивнува, а поддршка пристигнува и од колегите. Пејачката Рада Манојловиќ не крие дека е возбудена поради камбекот, додека Весна Змијанац со години го убедувала повторно да се врати на сцената.

Да потсетиме, Станковиќ со години беше повлечен од јавноста, а во меѓувреме се шпекулираше дека размислува и за целосно повлекување од естрадата. Сепак, најновите информации покажуваат дека се подготвува за едно од најголемите изненадувања на регионалната сцена годинава.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....