16.8 C
Скопје
17:47 - 12 март, 2026

Боба Живоиновиќ конечно откри што мисли за својата снаа Александра Пријовиќ: „Ѝ се склопија коцките…“

Поранешниот успешен тенисер, Слободан Боба Живоиновиќ се ожени за една од најпопуларните пејачки на поранешна Југославија, а неговиот син од првиот брак Филип Живоиновиќ ѝ го кажа судбоносното „да“ на младата пејачка Александра Пријовиќ, за која цел регион полудува во последните месеци.

Одржа низа концерти во Србија, настапи во Сараево, а одржа и пет концерти во преполната арена во Загреб, каде кон крајот јавно ѝ се обрати на свекрвата Зорица и ѝ кажа нешто што никој не го очекуваше. Боба никогаш не криел колку ја сака и почитува Александра Пријовиќ.
Сега легендарниот тенисер во интервју за хрватските медиуми се осврна на односот со неговата снаа Прија, и истакна дека таа е „прекрасна и емотивна личност“.

„Мислам дека кај Александра некои коцки се споија. Таа една прекрасна и емотивна личност. Александра на сите настапи заплакува. Плаче зашто тоа претставува колку е таа чиста и добра и не е ни чудо што сите овие пејачи дојдоа да ја поддржат и да бидат дел од овој голем спектакл. Тоа не е случајно, а тоа се е една преубава бајка и приказна и нека трае што подолго и подобро. Ние сме сите тука да ги поддржиме нашите деца и да бидеме секогаш покрај нив“, рече Боба во емисијата „Код нас дома“ на ХТВ.

Покрај Боба, во оваа емисија во живо гостуваше и Лепа Брена, која се најде на удар на критики во јавноста зашто ја искористи приликата за да ги изрекламира своите производи.

Брена ги испровоцира Хрватите, а тие „удрија“ и по Прија: Едната рекламира хулахопки, другата прави селекции

Слични објави

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо
Се вчитува....