06:33 - 9 април, 2026

Бјелогрлиќ проговори за своите подочници: „Тешко е да се споредуваш со Бред Пит…“

Драган Бјелогрлиќ е една година постар од Бред Пит, а тоа беше причина некои корисници на социјалните мрежи да ги споредат нивните фотографии и како изгледаат.

Меѓу другото, ова го забележа и самиот Бјела, кој во една прилика се пошегува на своја сметка и ја објави таа фотографија на својот Инстаграм профил.

„Забележлива е огромна разлика, се разбира“, напиша  режисерот.

А особено се впечатливи подочњаците на познатиот глумец.

Во последното издание на емисијата „Недељом у 2“ на ХТВ телевизија, водителот на емисијата го праша Бјелогрлиќ за оваа симпатична паралела.

„Имам подочници уште од младоста. Сакав тоа да го средам, но Мира Бањац ми рече ни случајно да не ги пипам, дека тоа е мојата сила. И тогаш се предомислив. Со Пит не е лесно да се споредуваш. Кога малку би живеел поуредно и понормално, кога би се бавел со спорт, тоа би било подобро. Ова е се од ноќи и ноќи во кафана“ – со насмевка одговори Бјела.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....