06:00 - 10 јануари, 2026

Бизарно и морничаво предупредување од Тексас: „Не го гледајте овој филм, ќе го пуштите пеколот во вашата куќа!“

Објавата на Американката Џејми Гуч на социјалните мрежи, со која сакала да ги предупреди родителите дека филмот „Hocus Pocus 2“ ќе пушти пекол во животите на нивните деца, стана вирална.

– Не го гледајте овој филм – предупреди Гуч. – Сите мислат дека сето тоа е лажно и невино, но преку филмот можe да ви фрлат магија каква што сакаат. Сè може да дојде во вашиот дом преку телевизискиот екран, додала таа.

Приказната е толку бизарна што на прв поглед лесно може да се помисли дека се работи за маркетиншки трик, филмска реклама или згодна содржина за медиумите во времето пред Ноќта на вештерките, што е актуелно во САД. Но, не се работи за тоа.

„Hocus Pocus 2“ е фантастична комедија на Дизни во режија на Ен Флечер, продолжение на филмот „Hocus Pocus“ од 1993 година, кој е еден од најомилените филмови за Ноќта на вештерките. Во него, Бет Мидлер, Сара Џесика Паркер, Кети Наџими и Даг Џонс ги повторуваат своите улоги. Во вториот дел, три тинејџерки случајно ги повикуваат вештерките, сестрите Сандерсон, во Салем и тие мора да смислат како да ги спречат пред да предизвикаат хаос и како да се ослободат од нив.

Гуч, мајка на три деца од Тексас, ја отстранила објавата, но веќе било доцна бидејќи се рашири низ интернетот. Затоа таа се согласи да и објасни на екипата на локалната телевизиска станица „KWTX“ зошто стравува дека овој филм навистина може да има злокобен ефект врз децата.

Таа рече дека „Хокус Покус 2“, кој е оценет како погоден за возраст од 12 и повеќе години, може негативно да влијае на невините умови на младите луѓе и повтори дека најлошото можно сценарио е гледајќи го да го пуштите пеколот врз вашите деца и вашиот дом.

– Целиот филм е базиран на вештерки кои ловат деца за ритуалот на крвна жртва – објасни таа во телевизискиот прилог и откри дека била нервозна кога решила да ги сподели своите мисли и стравови на социјалните мрежи.

-Малку се исплашив кога притиснав „објави“ бидејќи се плашев од реакциите. Објавата беше наменета за луѓе кои се сомневаа во некои од одлуките што треба да ги донесат за своето семејство – изјави таа за KWTX и додаде дека некои на социјалните мрежи ја нарекуваат луда, но реакциите биле „главно позитивни“.

Загрижената Тексашанка верува и дека овој филм е само дел од поширокиот тренд.

– Мислам дека оди подалеку од филмот, подалеку од Ноќта на вештерките – рече таа. – И самата гледав работи на телевизија кои се појавија и во реалниот живот, што ме натера да си речам: „О, Боже мој, што се примам на себе!“.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....