07:44 - 19 ноември, 2026

„Би било супер да готви и да молчи“: Цеца откри каков партнер најмногу би ѝ одговарал

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ сподели со своите следбеници симпатично видео на Инстаграм, во кое одговараше на прашања за својот живот и личните преференции.

Овојпат прашањата беа поставени според принципот „или – или“, па Цеца откри кои домашни обврски попрво ги избира, што повеќе сака да јаде, но и какви особини треба да има нејзиниот идеален партнер.

Првото прашање се однесуваше на омилената гурманска храна. Пејачката требаше да избере меѓу ќебапи и сарма, а одговорот стигна без многу размислување.

– Ќебапи – одговори како од пушка.

Следуваше малку поинтересно прашање. Цеца требаше да избере меѓу маж кој молчи и оној кој готви.

– Па, би било супер и да готви и да молчи – низ смеа одговори пејачката.

На прашањето дали повеќе би сакала партнерот да ѝ ги чита пораките или да ѝ пребарува по чантата, Цеца беше сосема јасна:

– Ни едното ни другото.

Кога на ред дојде прашањето „пеглање или садови“, немаше никаква дилема и го избра пеглањето.

Одговорите на Цеца ги насмеаја нејзините следбеници, а особено внимание привлече нејзината духовита забелешка за идеалниот маж, кој, според сè, треба да знае да готви, но и да не зборува премногу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Слични објави

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо

Соседите на Александра Пријовиќ откриваат што се случува во населбата по палењето на џипот: „Ова е мафијашка пресметка“

Еспресо

На Нада Топчагиќ ѝ дошла полиција, соседите ја тужеле: „Златко сега треба да плати 25.000“

Еспресо

(Видео) Тренер жестоко ја критикуваше Сека Алексиќ за изјавите за лекот со кој ослабела: „Какви инјекции, децата треба да спортуваат“

Еспресо
Се вчитува....