11.8 C
Скопје
11:14 - 28 октомври, 2026

(Фото) Како денес изгледа поранешната мис на Југославија: На 64 година во бикини го покажа неверојатното тело

Ана Сашо, поранешната Мис Југославија, повторно докажа дека годините за неа се само бројка. Иако има 64 години, оваа безвременска убавица сè уште плени со својата младоликост и затегната фигура.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Sasso (@sasso.ana63)


Поранешната мис и југословенска убавица, Ана Сасо (64), објави видео од море каде што ужива во бикини, а попатно и потсетува на сè поради што порано по неа воздивнуваа многу мажи. Славната Пипи, како што ја нарекуваа поради нејзината популарност во рекламата за истоимениот сок, ги воодушеви сите со својот изглед. Ана остана запаметена и по познатата реклама за пијалакот „Јупи“ каде позираше во мокра маица со уште две девојки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Sasso (@sasso.ana63)


Ана носела бикини и самоуверено позирала на карпите, а ја покажала и колекцијата летни фустани што ги носи оваа сезона.

Иако во текот на осумдесеттите години важеше за секс-симбол на Југославија, Ана денес не е толку застапена во јавноста, но тоа не значи дека нешто се променило. Дури и на 64 години, таа и понатаму неодолива.

Со оглед на тоа што ги исклучи коментарите под некои од објавите, обожавателите не можеле да го искажат своето воодушевување, но таму каде што им било дозволено, пишувале дека е поубава и позгодна од кога било.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Sasso (@sasso.ana63)

Ана Сасо ја освои титулата Мис Југославија во 1982 година, а подоцна се пласираше меѓу 15-те најубави жени во светот. Поради својата убавина, таа добиваше и улоги во филмови, но како што секогаш зборуваше, одбила бидејќи не сакала да се снима топлес.


Убавата сплиќанка често споделува фотографии на социјалните мрежи.

Ана Сасо пред неколку години во интервју за „РТЛ ексклузив“ откри дека се омажила по третпат. Иако јавноста не знаеше, поранешната манекенка му се заколнала на вечна љубов на хирургот Хрвоје Томашовиќ.

Слични објави

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо
Се вчитува....