06:17 - 10 јануари, 2026

Би-Би-Си: Британец доживеал трагедија поради ковид-19, па се пријавил за тестирање на вакцина!

EPA EFE

Паулина Димелин од Велика Британија се наоѓала во добра здравствена состојба и имала само 56 години кога во март годинава се заразила со ковид-19. Но, неколку дена по хоспитализацијата, таа го загубила животот во борбата со вирусот, пишуваат британските медиуми.

Една вакцина против ковид-19 е одобрена за употреба во Велика Британија, а уште две чекаат да бидат одобрени. Исто така, голем број на вакцини и натаму се во фаза на испитување.https://www.youtube.com/embed/yjo6W4nWt9s?feature=oembed

„Би-Би-Си“ разговараа со сопругот на Паулина за неговата лична трагедија поради која тој и учествувал во тестирањето на вакцината.

Паулина работела во локалната парохија, а таа и нејзиниот сопруг Најџел биле доста внимателни – не излегувале многу и оделе во маркети само кога немало големи гужви. Меѓутоа, Паулина, поради природата на својата работа, веројатно стапила во контакт со луѓе и се верува оти се заразила во парохијата.

– Во еден момент почна да се чувствува уморно. Беше исцрпена кога заврши со работа. Дојде дома и легна на креветот. Не се сеќавам дека имаше температура, но се чувствуваше навистина лошо – вели нејзиниот сопруг Најџел, додавајќи дека луѓето и викале да оди на доктор, но таа не сакала, мислејќи дека се ќе биде во ред.

Откако сепак отишла во болница, каде тестот за ковид-19 и бил негативен, докторите сакале да ја пуштат дома по ренгенот на белите дробови, но се покажало дека за жал тестот бил лажно негативен.

Потоа нејзината состојба нагло се влошувала. Паулина отишла во болница на 25 март, а починала пет дена подоцна.

Тагата го поттиканала Најџел, како еден од првите доброволци, да се пријави за учество во тестирање на вакцината во болницата Бредфорд.

-Се пријавив без размислување. Си реков на себеси дека морам да го направам ова. Луѓето ми зборуваат за тоа колку сум храбар. Не сум храбар. Немам друга опција освен да сум храбар. Во вакви ситуации мораш да продолжиш со својот живот. Сакам да се чувствувам како нешто да работам – заклучи Најџел.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....