6.6 C
Скопје
03:54 - 1 април, 2026

(Видео) Бајден пречекан со сите почести во замокот Виндзор, со домаќинот кралот Чарлс Трети повикаа да се инвестира во зелена енергија

Американскиот претседател Џо Бајден е гостин во замокот Виндзор, а со неговиот домаќин британскиот крал Чарлс Трети денеска разговараа за прашањето за климатските промени.

Тие ги повикаа приватните компании да направат повеќе за поддршка на зелената енергија во земјите во развој, објавија американските медиуми.

Американскиот претседател Бајден беше пречекан со официјална церемонија, а потоа учествуваа на тркалезна маса за климатските промени, на која присуствуваа претставници од добротворни организации и финансискиот сектор.

На повикот присуствуваше и Џон Кери, кој е специјален претставник на САД за климатски промени.

Пред да биде примен од Чарлс Трети, Бајден се сретна со премиерот Риши Сунак по шести пат по ред откако британскиот премиер ја презеде функцијата.

Бајден и Сунак разговараа за голем број глобални прашања, вклучувајќи ја и војната во Украина.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....