19:51 - 12 февруари, 2026

Азис повторно во центарот на вниманието: Брак од љубов или уште една внимателно изрежирана приказна?

Азис официјално објави дека влегол во ново животно поглавје, склучил брак во Соединетите Американски Држави. Кралот на поп-фолкот ја сподели веста преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од две раце со венчални прстени и кратка порака:

„Тукушто се оженив. Ти благодарам, Америка!“

Изборот на САД не е случаен. Истополовите бракови се легални во Флорида од 2015 година, што му овозможува на пејачот законски да ја формализира својата врска нешто што сè уште не е можно во Бугарија. Според неговите зборови, избраникот е американски хирург од Флорида, кој не е дел од јавниот живот и сака да остане надвор од медиумското внимание.

Азис објави и фотографии од заеднички моменти покрај море прошетки по плажа, прегратки и вечери во ресторани. Еден детаљ особено привлече внимание: Капа со натпис „Го сакам мојот сопруг“, што дополнително ја зацврсти пораката за нивната блискост.

Сепак, дел од јавноста се сомневаше во цела таа приказна.

Наместо честитки, на социјалните мрежи се појавија коментари во кои се изразува сомнеж во автентичноста на настанот. Причината лежи во минатото на пејачот, кој повеќепати го користеше својот приватен живот како дел од сценски перформанс или маркетиншка стратегија.

Во 2006 година тој објави „брак“ со Ники Китаеца, кој подоцна призна дека станувало збор за договорена медиумска конструкција без романтична врска. Пред тоа, во 2003 година, Азис на сцена симболично „се ожени“ со својот сценски двојник, перформанс што тогаш предизвика силни реакции и го зацврсти неговиот имиџ на провокатор што ги руши табуата.

Токму поради оваа историја, актуелната вест дел од јавноста ја прими со доза на сомнеж. За дел од публиката прашањето не е дали Азис е во брак, туку дали овојпат станува збор за искрена животна одлука.

Дополнителни шпекулации се појавија и околу неговиот престој во САД. Се споменува можноста за виза за вереник (К-1), која овозможува брак со американски државјанин во рок од 90 дена од пристигнувањето, по што следи постапка за регулирање на постојан престој. Процесот, сепак, подразбира строги проверки и докази за вистинска врска. Доколку влегол со друг тип виза, процедурите би можеле да бидат посложени.

Во меѓувреме, Азис продолжува со професионалните ангажмани, како член на жири-комисија во телевизиски проект и со најавените концерти во „Арена Софија“, за кои билетите се веќе распродадени.

Дали станува збор за љубовна приказна или за уште еден медиумски наратив во препознатливиот стил на Азис – ќе покаже времето. Едно е сигурно, тој повторно успеа да го задржи вниманието на јавноста.

Слични објави

„Жените се тешат дека неверството го зацврстува бракот, се плашат да заминат“: Лидија Вукиќевиќ процвета по разводот од спортистот

E.A.

Членови на бендот на Ана Бекута сослушани во обвинителство: Настапувале со пејачката за српската Нова година во Чачак

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Вљубени и здрави

Еспресо

Наташа Аксентијевиќ згрозена од цените на Врачар, одлучи да отвори свој бизнис

E.A.

Јована Јеремиќ почна да живее заедно со дечкото, откри нови детали за љубовниот живот

Еспресо

Шокантна изјава на Весна Змијанац за нападот врз куќата на Чолиќ: „Тоа е класичен рекет“

Еспресо
Се вчитува....