7.8 C
Скопје
19:45 - 1 април, 2026

Атина Ферари со шок изјави: „Со Аца Лукас имав врска со години, постојат докази и снимки!“

Бившата учесничка во реалити шоуто, Атина Ферари, повторно ја разбранува јавноста со нови тврдења за својот однос со фолкерот Аца Лукас.

Иако пејачот категорично негира дека бил во врска со неа, Ферари тврди дека нивната романса траела со години и дека за тоа постојат докази.

„Години траеше. Сега жалам што не беше само една ноќ, туку многу ноќи наназад. За сè што сум рекла има и фотографии и снимки. Лукас како голема ѕвезда требаше да има храброст да ја признае вистината, наместо да лаже и измислува,“ изјави Атина, нагласувајќи дека нивниот однос почнал уште пред години, кога тој ѝ се јавувал и праќал пораки со ветувања.

Таа додаде дека за време на нивната врска честопати била „домаќинка“ во неговиот стан.

„Му средував куќа, му цедев овошје, му правев кафе и доручек додека тој се занимаваше со таблет и игри. Мене тоа ми здосади, но во некој период навистина верував дека ме сака,“ рече Ферари.

Атина призна дека нивниот однос бил полн со ексцентрични моменти.

„Организираше седенки, игравме ‘вистина или предизвик’. Тоа прво ми беше чудно, а потоа забавно. Лукас знаеше да каже: ‘Атина е шеф, Атина е домаќица’. Сепак, на крај сфатив дека тој не е тип на маж кој мене ми одговара,“ додаде таа.

Од друга страна, Аца Лукас категорично тврди дека никогаш не бил во врска со Атина Ферари.

„Со таа личност никогаш не сум бил во врска. Ако таа што ме задоволила еднаш смета за врска, тогаш е светски рекордер во врски. Интимни односи немало, а и да имало, било еден момент од кој наутро не ми било пријатно. Тоа не е ништо што другите луѓе не прават,“ изјави пејачот.

Тој дури ја искритикува и како пејачка.

„Ни овој публицитет нема да ѝ помогне да ја слушаат на вашар во Шабац. Тоа не е пеење, тоа е НЕПОДНОСЛИВА врева,“ додаде Лукас.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....