2.8 C
Скопје
19:27 - 20 декември, 2024

Астро прогноза за вторник, 11 октомври

Овен
Од денеска светот ќе го гледате со поинакви очи. Решивте да ве води само вашата интуиција и позитивна мисла. Конечно се ослободивте од вашите „демони“, поради што немавте храброст да преземете иницијатива ниту на емотивно, ниту на професионално поле. Веќе дишете со полни гради и подготвени сте.

Бик
Покажувате голема заинтересираност за финансиите од вообичаено. Вие сте опседнати со парите, а знаете дека среќата во животот не зависи само од парите. Ако барате партнер, поволен ден за запознавање нова личност, со која брзо ќе се зближите. Одамна не сте добиле такво внимание и искреност од некоја личност.

Близнаци
Ќе бидете чувствителни и полни со разбирање за луѓето околу вас. Време е за поголема блискост со тие што ги сакате. Бидете релаксирани во љубовта и не дозволувајте кавгите и негативната енергија да ви доминираат во овој прекрасен ден. Употребете ги вашите дипломатски вештини во комуникацијата со луѓето.

Рак
Финансиската состојба се менува и тоа ви создава чувство на несигурност. Ве очекува напорен ден, имате многу обврски. Барем на емотивно поле можете да бидете мирни. Стабилност во љубовта. Саканата личност има искрени намери кон вас, а и ќе ве изненади со некој предлог, на кој нема да можете да кажете – не.

Лав
Познати сте по вашата тврдоглавост, исто колку што и по вашата интелигенција. Треба јасно да ги дефинирате вашите деловни цели и да се усогласите со соработниците за некои заеднички интереси. Тешко се согласувате на компромис, но сегашните услови не дозволуваат отстапување и спроведување лична волја.

Девица
Ден без напнатост, без стрес, по долго време. Вие сте познати по тоа дека лесно не се откажувате и дека сѐ терате до крај. Покажете дека може да се справите со секој предизвик. Ако сте во врска, може ќе имате ситни караници, а ако сте слободни, ќе почекате за да запознаете личност која вистински ќе ве привлече.

Вага
Мали дилеми околу некои ставови, кои за вас се како Библија. Поради различните правила што ги наметнуваат одредени соработници, мора да прифатите компромис. Избегнувајте нова семејна или љубовна расправија со која и понатаму ништо не решавате. Една блиска личност ќе ви даде одлични идеи на поле љубов.

Скорпија
На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Веќе добивате силна поддршка не само од колегите туку и од надредените. Без страв и тремор можете да ги извршите сите обврски што се очекуваат од вас на највисоко ниво. Не гледајте повеќе во минатото.

Стрелец
Прифатете корисни идеи кои можат да ја подобрат деловната соработка. Покажете подготвеност да соработувате со колегите. Не дозволувајте да ја загубите имагинацијата кога сте во друштво на саканата личност. Ако нешто е тешко да се оствари во првиот обид, тоа не значи дека е невозможно.

Јарец
Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Работата денеска ќе ја одработувате со леснотија, а по напорниот, но задоволувачки ден на работното место, со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Опуштете се и уживајте како што вие знаете.

Водолија
Изгледа дека ќе имате мирен ден кога ќе можете да мислите и да се посветите на своите потреби. Флексибилни сте кон другите и затоа многу луѓе ќе сакаат да го минат денот со вас. Најдобриот љубовен совет што ќе го добиете е: Кренете раце од работите што не функционираат.

Риби
Конечно ќе дојдете до важни вести што долго време ги чекавте. Пред вас е поволен ден за нов деловен проект. Можете да го очекувате тоа. Саканата личност ја изневерува вашата доверба и потребно ви е време да одлучите што да направите. Сепак, не се форсирајте себеси. Оставете го партнерот малку да се поти.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....