22:07 - 22 декември, 2024

Астро прогноза за четврток, 25 август

Овен

Ве очекува ден што носи мала нестабилност во љубовта. Може да очекувате променлива состојба во некои сегменти. Сакате да добиете повеќе внимание и љубов од саканата личност. Потребно ви е да поминувате повеќе време со неа. Денес ќе ви се оствари една од најголемите желби, и тоа поврзана со вашата кариера. Ќе имате повод за славење.

Бик

Ќе сакате да бидете опкружени со добро друштво. Умот ќе ви работи со огромна брзина, но работите е добро да ги правите чекор по чекор. Ако сакате комплетна контрола на работното место, помирете се дека нема да успеете во тоа. Ѕвездите како да ве штитат на љубовно поле, уживајте. Се двоумите да влезете во врска со личност која не ветува баш многу.

Близнаци

Ако сакате другите да ве почитуваат, покажете и вие почит кон нив. Важно е да бидете отворени кон нови можности. Не ви одговара љубомората и посесивноста која ја покажува вашиот партнер. Некои ќе одлучат да му простат на некој кој ги повредил во минатото. Само така ќе успеат да му го
кажат и последното „збогум“ и да го заборават засекогаш.

Рак

Постојано изгледате убаво, духовито или шармантно пред својата околина. Меѓутоа, некое ваше однесување се проценува на погрешен начин. Оставете ги другите да се оптоваруваат со работи што не носат материјална корист, позитивни ефекти или перспективна реклама. Меѓу вас и партнерот постои проблем на емотивно недоразбирање.

Лав

Денес ќе се преокупирате со ситни детали што луѓето најчесто не ни ги забележуваат. Важно е да се грижите повеќе за вашето здравје во студената сезона. Внимавајте што ставате во уста и вежбајте, макар и во домашни услови. Фокусирајте се на промените внатре во вас, на спиритуалното и на невидливото. Пронајдете ја среќата во себе.

Девица

Проблемите на работното поле денес ќе ви бидат решени. Вашиот стрес полека попушта. На емотивно поле, моменталната ситуација ве прави да бидете разочарани. Врската со саканата личност воопшто не оди онака како што сте замислувале. Ќе бидете полни со несекојдневен шарм, а поради тоа ќе бидете посебно привлечни во другите очи.

Вага

По немирната и турбулентна недела на деловно поле, повторно ги средивте работите. Ви се врати самодовербата па повторно сте полни со позитивна енергија. Се насочувате на старите проблеми и ги решавате. Незадоволни сте од врската. Имате впечаток дека сте оддалечени и дека ниеден од вас не се труди за да се среди односот.

Скорпија

Може да се потпрете на довербата во луѓето денес и да работите на зајакнување на пријателствата. На работа не смеете да го тргнете погледот од личните цели. Ќе бидете тестирани на некој начин. Запомнете дека љубовните разочарувања од минатото не смеат да ви влијаат на актуелната состојба. Што и да ви се врти во умот, заборавете на минатото!

Стрелец

Ве чекаат сериозни емотивни разговори со саканата личност. Треба да одлучите во кој правец ќе оди вашата врска. Можно е да откриете тајни кои нема да ви се допаднат, но мора да останете воздржани и да не судите пребрзо. Партнерот има длабока причина за некои негови постапки. Не дозволувајте брзиот начин на живот да ве раздели со луѓето што ви значат.

Јарец

Вашата наивност што ве следи насекаде, тргнете ја настрана и денес бидете претпазливи на работа. Ваш колега на некој начин ќе сака да си ја докаже неговата вредност потиснувајќи ја вашата. На љубовното поле, денес ѕвездите велат дека ќе чувствувате особена потреба да бидете сакани, па ако имате партнер, подгответе му убава вечера.

Водолија

Денес не е баш поволен ден за вас. Вашите идеи и планови нема да ви делуваат доволно добро и ќе се лутите себеси зошто креативноста ве напуштила. Запомнете дека „недоволно добро“ не значи „лошо“. Можни се некои интимни проблеми со партнерот, постапете со разбирање. Ќе се вмеша трета личност, без лоши намери.

Риби

Ќе бидете кавгаџиски расположени, иако сте многу емотивни. Кога ќе размислите зошто сте раскинале со партнерот, ќе сакате да ѝ дадете втора шанса на врската. Не можете да поднесете да бидете сами. Потребна ви е припадност, поддршка. Но, тоа не значи дека треба да бидете во токсична врска.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....