6.8 C
Скопје
04:32 - 31 март, 2026

Андрија Милошевиќ се ожени во тајност: Конечно ја откри вистината

Популарниот актер Андрија Милошевиќ на почетокот на минатата година стана татко на момченце, кое неговата партнерка Александра Томиќ и тој го нарекоа Реља.

Меѓутоа, многу често сите го прашуваа кога планира да се ожени.

Дури сега открил дека се оженил со Александра уште пред раѓањето на синот, но дека се било тајно.

Со оглед на тоа што партнерката на Андрија, а од неодамна и сопруга, Александра, своевремено изјави дека бракот е нешто кон што не се стремат, многумина мислеа дека парот нема намера „да стапне на лудиот камен“. Сепак, изгледа дека актерите се предомислиле.

Дека венчавката навистина се случила, открија вчера гостувајќи во емисијата „Уз кафу са“ кај популарната актерка Сека Саблиќ. Како што потврди актерот, дваесетина дена пред да дојде на свет нивниот наследник Реља, Андрија и Александра, решиле да ги кажат брачните завети.

– Се венчавме во црква на 1 февруари 2022 година, дваесет и пет дена пред да се роди Реља, ова го кажувам првпат исклучително за вас. Се беше многу интимно, со нас беа само кумовите и неколку пријатели – изјави Александра во споменатата емисија, додека Андрија додаде:

– Се венчавме за детето да не биде без татко – рече Андрија во својот хумористичен стил.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....