7.8 C
Скопје
18:56 - 2 март, 2026

Ана Николиќ се развела поради дрога: Гласовна порака во утринска емисија

Пејачката Ана Николиќ реши да проговори за наводите дека користи наркотици, кои неодамна ги лансираше нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ.

-Кога обвинуваш мајка дека користи такви супстанци, а многу добро се знае дека сум против секакви дроги и опијати… Никој не може да го направи тоа во мое присуство. Сите знаат дека затоа се разведов – изјавила Ана Николиќ во гласовна порака, која водителката Јована Јеремиќ утрово ја пушти во својата емисија.

– Да не правиме муабет колку сум хипохондрик, тоа го знаат најдобрите лаборатории во градот, Конзилиум посебно … (се смее). Кога не се пријавувам да тестирам нешто секој месец, ми се јавуваат да прашаат : „Дали сте добро?” – додаде Ана, која пред неколку години беше накратко во брак со колегата Стефан Ѓуриќ Раста.

Да потсетиме, Саша Мирковиќ неодамна откри низа детали за пејачката за кои на големо се зборуваше.

– Не сум човек затоа што ја замолив да престане да пие алкохол и да зема дрога. Јас сум нечовек што барам од неа да оди на лекување. Јас сум нечовек затоа што ја поддржував шест месеци. Не сум човек затоа што ја замолив сериозно да се зафати со концертот и да биде точна. Не сум човек затоа што и закажав концерт во Арена… – рече во екот на скандалот Саша, кого Ана претходно го нарече „нечовек“.

Слични објави

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо

(Видео) Сите ѝ се потсмеваат на Емили Ратајковски по ревијата на „Гучи“: „Зошто оди како пијана?“

Еспресо
Се вчитува....