7.8 C
Скопје
10:21 - 1 април, 2026

Ана Ивановиќ го прослави 38. роденден: „Сѐ уште се трудам девојчето од сликата да биде гордо секој ден“

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ денес го прославува својот 38. роденден, а по тој повод им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм.

Ивановиќ сподели една стара фотографија од детството, придружена со емотивна порака.

„Ви благодарам многу за сите пораки и роденденски желби. Сѐ уште се трудам ова девојче да биде гордо секој ден“, напиша Ана под објавата.

По повод роденденот ѝ честиташе и нејзината кума, пливачката Минја Најдановски, која на својот профил објави заедничка фотографија со пораката: „Среќен роденден, кумо моја. Твојата насмевка е твој потпис.“

Фото: Скриншот/Инстаграм

Освен спортските успеси, Ана е позната и по својот бизнис-дух. Таа во 2015 година инвестирала значителна сума пари во приватен бизнис во Крчедин. Локалните жители потврдија дека станува збор за овоштарник со огромна плантажа со јаболка.

„Да, тоа е точно. Кога ќе минете покрај патот, на десната страна ќе ги видите јаболките – нема им крај. Тоа е нивното. Тука е нејзиниот татко, а Ана ги вложи парите во тој бизнис,“ изјавил еден од соседите, додавајќи дека имотот се води на името на нејзиниот татко.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....