08:25 - 16 ноември, 2026

Хрватскиот миленик на тинејџерките не запира: Го распродаде и петтиот концерт во Белград

Еуфоријата околу младиот музички феномен не запира! По низа рекордно распродадени концерти, Јаков Јозиновиќ најави уште еден, петти по ред, настап во белградскиот Сава центар.

Секој нов објавен датум бил проследен со истата сцена: редици фанови пред билетарниците и распродадени влезници за само дваесет минути. Ден по ден, обожавателите трчаат да си го обезбедат своето место, потврдувајќи дека Јозиновиќ е најбараниот млад изведувач на регионалната сцена.

Младиот пејач веќе работи на нови песни кои премиерно ќе ги изведе токму пред белградската публика, што ги прави следните концерти уште поексклузивни и посакувани.

Од Сава центар стигна и официјална потврда: поради огромниот интерес, објавен е и петти датум – 17 април 2026 година, кога Јаков Јозиновиќ повторно ќе се искачи на сцената на Плавата сала.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....