10.8 C
Скопје
13:09 - 19 февруари, 2026

Ана Бекута жестоко му одговори на градоначалникот на Пула: „Ѓубрето не може да биде хрватско ниту српско“

По повод веста дека градоначалникот на Пула Филип Зоричиќ го забранил настапот на Ана Бекута, Зорана Миќановиќ, Душко Кулиш и Драган Којиќ Кеба во овој град во Истра, нарекувајќи ги српски отпад, Ана Бекута се огласи, ја пофали Истра каде што редовно летува, но и жестоко му возврати на градоначалникот кој српскиот народ го нарече „ѓубре“.

– Во последните 40 години најмалку десет пати летував во Истра. Затоа што, како што велат моите пријатели, имам вкус. За мене Истра е еден од најубавите региони на нашата поранешна држава. Храната е неверојатна, пејзажот е прекрасен, сите мои домаќини беа неверојатни и ме третираа како кралица. Забележав, вака се однесуваат со секој свој гостин. Од каде и да дојде – искрена е Бекута.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

– Затоа знам дека одлуката на градоначалникот на Пула нема никаква врска со начинот на кој размислуваат житлите на Пула и Истра. Поминав доволно време во Пула и Истра за да ги запознаам. Ѓубрето или како што тој го нарече отпадот, нема нација. Отпадот не може да биде српски или хрватски. Отпадот е едноставно отпад и ѓубре. Гледам дека го имаме во еднакви количини и во Србија и во Хрватска. Ако ми дозволат актерите на денешните вести да им дадам еден совет од животот: Ако не ви се допаѓа програмата, сменете ја. Кога не ви се допаѓа кафулето, сменете го. Ако не ви се допаѓа концертот, не купувајте билет. Многу е едноставно. Се гледаме во Осијек – напиша Ана на својот Инстаграм профил.

Слични објави

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо
Се вчитува....