15:05 - 29 јануари, 2026

Американската армија ги повлече рекламите со Џонатан Мејџорс: Мултимилионската кампања стопирана додека не се затвори судењето

Американската армија ја повлече својата нова рекламна кампања со актерот Џонатан Мејџорс, откако во саботата беше објавена веста дека актерот е уапсен за наводен напад – давње и малтретирање на жена во љујоршка хотелска соба во петокот.

Актерот беше наратор во првиот бран на реклами на Армијата насловени „Биди се што можеш да бидеш“, кои беа дел од мултимилионска кампања.

„Американската армија е свесна за апсењето на Џонатан Мејџорс и ние сме длабоко загрижени од наводите околу неговото апсење“, рече Лаура ДеФрансиско, портпаролка на Канцеларијата за маркетинг на Армијата.

„Иако господин Мејџорс не е виновен додека не се докаже тоа, ги повлековме нашите реклами се додека случајот не биде целосно затворен“, додава ДеФрансиско.

Финансиското влијание од повлекувањето на рекламата се уште не е познато, но според Sportico, еден комерцијален спот од 30 секунди за време на овогодинешната последна игра „March Madness“ чинеше околу 2,2 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Work Editorial (@workeditorial)

Армиските функционери, исто така, не можеа да одговорат на прашањето што ќе биде со следните реклами, а како што изјавија за „Арми Тајмс“, следниот сет на реклами во рамките на кампањата се очекува да пристигне во август, но таа одлука била донесена пред апсењето на Мејџорс.

На 25 март, актерот Џонатан Мејџорс беше уапсен и се соочува со обвиненија за напад, давење и тешко вознемирување на жена. Полицијата го опиша инцидентот како „домашен спор“.

Мајџорс продолжува да тврди дека е невин во врска со инцидентот, а неговата адвокатка Прија Чаудри вчера даде изјава во врска со апсењето.

„Џонатан Мејџорс е целосно невин и веројатно е жртва на расправија со жена што ја познава“, рече Чаудри. „Ние брзо собираме и презентираме докази до окружниот обвинител со очекување дека сите обвиненија ќе бидат веднаш отфрлени“.

Неименуваната жена, која ТМЗ ја опишува како девојка на Мејџорс, била пренесена во болница со „лесни повреди на главата и вратот“. Адвокатката продолжува да тврди дека повредите што ги добила неименуваната жена биле поради фактот што таа имала „емоционална криза“.

Според изјавата на Чаудри, постојат и докази кои вклучуваат видео снимки и сведочења на сведоци за да се докаже невиноста на глумецот.  Судските постапки на глумецот нема да се одржат до мај, според ТМЗ.

Слични објави

(Фото) „Ќе родам син спортист“: Јована Јеремиќ се пофали како изгледа нејзиното тело по редовен тренинг и здрава исхрана

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во хотелска соба со мистериозен маж: Објава што ги запали социјалните мрежи!

Еспресо

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Еспресо

(Фото) Дали ги препознавате? Исплива фотографија од „Ѕвездите на Гранд“, стара речиси 20 години

Еспресо

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Еспресо

„За првпат сум целосно трезен“: Дарко Лазиќ го промени својот живот од корен

Еспресо
Се вчитува....