01:09 - 3 април, 2026

Амбасадорката Агелер со порака до сите жени: „Ракот на дојка е битка што можеме да ја добиеме“

Во East Gate Mall во Скопје денеска се одржа првиот Розов Базар, настан посветен на борбата против ракот на дојка, под мотото „ДА ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ“, а во организација на здружението ЕЗРА.

Поддршка на настанот даде и американската амбасада во Република Северна Македонија.

Американската амбасадорка Анџела Агелер им се придружи на првата дама Елизабета Ѓоргиевска и заменик министерот за здравство Владимир Рендевски на Розовиот базар.

Во својот говор Агелер истакна дека „ракот на дојка е битка што можеме да ја добиеме преку образование, рано откривање и универзален пристап до здравствена заштита. Не чекајте симптоми. Одете на редовни прегледи. Ова си го должите на себе и на вашите најблиски“.

Имајќи предвид дека борбата против ракот на дојката, како и другите видови на рак, не завршува на крајот на октомври како Светски месец посветен на борбата со ракот на дојка, решението ЕЗРА одлучи да го организира овој настан откако „замолкнаа розовите ѕвона“ и како потсетување за сите дека борбата против ракот на дојката трае и преку целата година.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....