8.8 C
Скопје
10:07 - 24 октомври, 2026

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Американската актерка Алиса Милано преку емотивна објава на Инстаграм се збогуваше со својот колега Ерик Дејн, кој почина на 53-годишна возраст. Тој почина по компликации од амиотрофична латерална склероза, сериозна невродегенеративна болест што му била дијагностицирана пред неполна година.

Во пораката, Милано се наврати на неговата препознатлива искра во погледот, специфичниот, продорен хумор и дарбата со една реченица да предизвика и неконтролирана смеа и длабока лична рефлексија.

„Не можам да ја тргнам од мислите онаа искра во очите на Ерик, во мигот пред да изусти нешто поради што или ќе ти излета пијалакот од смеа, или ќе ти се разниша целата перспектива. Имаше извонредно остар ум. Уживаше во апсурдот. Сакаше да ги изненадува луѓето“, напиша актерката.

Посебен дел од нејзината објава беше посветен на неговите ќерки и сопругата Ребека, за кои, како што истакна, тој покажувал особена нежност.

„Кога зборуваше за своите ќерки и за Ребека, целосно се менуваше. Ги носеше со себе и таму каде што физички не беа присутни. Тоа се чувствуваше во начинот на кој му омекнуваше гласот кога ќе ги спомнеше нивните имиња. Семејство кое ти го одзема здивот“, сподели Милано.

Таа откри и неколку лични спомени, нагласувајќи дека токму тој ја охрабрил да направи пикси-фризура и пирсинг на носот, како и дека ѝ бил поддршка во моментот кога ја пронашле нејзината спасена чивава Луси.

„Моето срце е со сите кои имаа привилегија да му бидат дом“, напиша Милано, упатувајќи сочувство и поддршка до неговото најблиско семејство.

Слични објави

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

К.С.

Хороскоп за 24 октомври: Овните ги очекуваат изненадувања, Јарците ќе се посветат на партнерот

Еспресо

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.
Се вчитува....