6.8 C
Скопје
04:33 - 31 март, 2026

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Српската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа го одржа 63-тиот и последен концерт во рамките на турнејата „Од исток до запад“, со кој ги собори сите рекорди во регионот.

Пријовиќ по концертот наздравила со медиумите, па најавила медиумска пауза и заминување на заслужен одмор.

– 63-тиот концерт ми беше вечерва. Плачев многу и додека камерите не снимаа, емотивно е секако. Но, не може ниту оваа турнеја да трае вечно, одиме понатаму. Одам на одмор. Не знам кога ќе се вратам. Одам дома да ги прегрнам Филип и Аки, така ќе прославам – порачала Александра.

Меѓутоа, пред да престане да настапува, Александра ја чекаат уште два големи настани – дочекот на Нова година и реприза ден потоа. Александра за Нова година ќе настапува на Златибор, во простор кој прима 1.400 лица, а само што картите биле пуштени во продажба, пејачката веднаш продала 1.350. Цените на картите се движат од 80 до 300 евра, во зависност од позицијата на масите и столовите во салите.

Како што успеала да дознае српска „Република“, само од продажба на картите за прославата за Нова година, Пријовиќ ќе заработи нешто помалку од 200.000 евра.

За реприза на Новата година, Александра ќе пее во Црна Гора, поточно во Бар, каде ноќта пред неа ќе настапува фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ.

Како што порано се пишуваше, Пријовиќ за реприза на Новата година ќе добие 100.000 евра.

Само ден подоцна, во овој град ќе настапува кумот на Александра, Ацо Пејовиќ.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....