19.8 C
Скопје
14:30 - 12 март, 2026

Александра Пријовиќ ги надмина и Чола и Дино Мерлин: „Неверојатно, но луѓето буквално ме молеа за четврти концерт!“

Пејачката Александра Пријовиќ не престанува да го воодушевува целиот регион, а нејзиниот трет концерт во загрепската Арена беше распродаден за еден ден. Три пати до сега ја полнеле Арената само Здравко Чолиќ и Дино Мерлин. Но, Александра оди чекор понапред. Закажан е и четврти концерт!

– Верував дека се ќе биде во ред со Загребската Арена, но ова е вистинско чудо и навистина не го очекував ова – открила Александра за Екстра ФМ и додава.

– По толку повици од пријатели, колеги, пораки од фанови, морав да се одлучам за четврта концерт во Арена. За термините навистина немавме избор, бидејќи тие беа веќе резервирани, па така новиот концерт ќе се одржи на 4 декември, четврта вечер по ред. Искрено, тешко е да се работи четири дена по ред, но ќе се обидам секоја вечер да биде како првата, ќе дадам се од себе и повеќе отколку што некој мисли дека можам – рече таа.

Александра смета дека огромно влијание врз купувањето билети имал и спектаклот во белградска Арена, пренесува српски Телеграф.

– Луѓето видоа колку убаво си поминуваме. Не е лесна задача пред мене, искрено, сакав да застанам на три концерто, но со оглед на тоа дека никогаш во животот не сум добила толку пораки, решив, односно се договоривме да имаме и четврт концерт затоа што публиката го заслужи тоа. Неверојатно, но луѓето буквално ме молеа и пишуваа дека и по трет пат не стигнале да купат билети – додава пејачката.

Судејќи по коментарите, обожавателите на Александра доаѓаат од целиот свет.

– Сакам сите четири вечери да бидат незаборавни – изјави Пријовиќ.

 

Слични објави

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin
Се вчитува....