8.8 C
Скопје
19:39 - 11 март, 2026

Алек Болдвин заборавен од својата ќерка – нема благодарност за него

алек болдвин

Ќерката на поранешниот холивудски пар Алек Болдвин и Ким Бесинџер не го спомна татка си во искажувањето благодарност кон семејството.

Во објава на социјалните мрежи Ајрленд (27) искажа пофални зборови за родителите на својот партнер и за мајка си додавајќи дека придонеле во подобрување на нејзиното ментално здравје, но не го спомна 65-годишниот актер.

Манекенката се огласи на „Инстаграм“ неколку недели откако тој заборави да ја вклучи во оддавањето почит кон неговата фамилија.

Во објавата Ајрленд открива дека се борела со зголемена анксиозност во текот на неодамнешната бременост: „Секоја мисла во мојата глава се однесуваше на тоа дека правам нешто погрешно, дека можам да го повредам бебето или себеси“.

Таа додаде дека била оптоварена со безброј хорор-приказни за бременост.

Но, сега се чувствува смирено по раѓањето на ќерката претходно овој месец

„Не можам да им бидам поблагодарна на родителите на мојот партнер и на мајка ми, која често ме посетуваше“, напиша таа, без да го спомне Алек.

На 4 мај Алек објави на „Инстаграм“ слајд-шоу од неговите седум деца со сопругата Хиларија Болдвин (39).

Во описот напиша: „Седум причини да продолжам во овие тешки времиња. Нема да лажам, без моето семејство, не знам каков би бил мојот живот“.

Слични објави

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova
Се вчитува....