15:53 - 3 април, 2026

Ал Пачино зборува за најсрамното искуство во неговиот живот: „Помислив, Господе, те молам земи ме сега“

84-годишниот актер Ал Пачино изјави дека како дете се здобил со повреда на пенисот, пренесува Пипл.

Инцидентот се случил кога актерот имал околу 10 години. Тој го нарече настанот едно од најсрамните искуства во неговиот живот.

„Одев по тенка железна ограда и танцував со јаже. Цело утро врнеше дожд и секако се лизнав и паднав, а железната шипка ме удри право меѓу нозете“, изјави ѕвездата на „Кум“.

Актерот истакна дека имал толку многу големи болки што не можел сам да стигне дома.

„Еден постар човек ме виде како стенкам на улица, ме крена и ме однесе до станот на тетка ми“, рече тој.

Според Ал Пачино, тој со часови лежел на кревет со панталоните целосно спуштени до глуждовите, а „трите жени на неговиот живот“ – мајка му, тетка му и баба му – биле во близина и не можеле да се соземат од паника.

„Помислив: „Господе, те молам земи ме сега“, рече актерот. .

Актерот додаде дека неговиот пенис сепак, за среќа, „останал на своето место“, но останала и психолошката траума од инцидентот.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....