16:07 - 30 јануари, 2026

Актерот Том Харди сѐ уште не се огласил откако новооткриен пајак го доби неговото име – „многу наликува на вонземјанинот од Веном“

Нов тип на пајак открин во Австралија го доби името по британскиот глумец Том Харди, кој го глуми антихеројот Веном, во истоимениот филм на „Марвел“.

Пајакот е откриен во септември годинава.

Го откриле научниците Џулија де Роси, Педро де Кастанхеира и Волкер Фраменау од Универзитетот „Мардок“ во Перт, и Ренер Баптиста од Федералниот универзитет на Рио де Жанеиро, Бразил. Новооткриениот вид Venomius tomhardyi се среќава на југот од Австралија, од Тасманија до Западна Австралија, каде што вирее плетејќи кружна вертикална мрежа.

„За време на неодамнешното патување на терен во јужна Австралија, собравме голем број примероци на необичен вид пајаци кои ткаат топчиња, кои не покажаа синапоморфии со ниту еден од неодамна ревидираните родови, или кој било друг род којшто ни е познат. Пајакот обично се крие во вдлабнатини обложени со свила во гранките на дрвјата кога е вознемирен во текот на денот“, се велат авторите.

Пајаците се дел од семејството наречено Araneidae Clerck коешто е трето по големина семејство пајаци во Австралија, со повеќе од 220 опишани видови.

„Овој род наликува на главата на ликот Веном, со забележливи црни дамки, особено машкиот холотип“, додадоа тие.

За потсетуваање, Том Харди го глуми Еди Брок во серијалот филмови „Веном“. Станува збор за вонземјанинот најчесто претставуван како противник или сојузник на суперхеројот Спајдермен.

Глумецот сè уште не се огласил по фактот дека пајак го добил името според него.

Слични објави

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо
Се вчитува....