22:38 - 5 април, 2026

Ако мислевте дека „Игра со лигни“ беше брутална, следи уште побрутален проект на авторот на серијата

Откако минатата година беше обележана со корејската серија „Squid Game“/„Игра со лигни“, нејзиниот автор сега најави нов проект.

Хванг Донг-Хјук прифати нов, уште побрутален проект, а се работи за филмот „Killing Old People Club“/„Клуб за убивање стари луѓе“, според романот на легендарниот италијански писател Умберто Еко.

Ако мислевте дека е ужасно да гледате како џиновска кукла ладнокрвно убива луѓе, вистинската авантура допрва следи, порачува тој.

„Ќе има повеќе насилство отколку во „Игра со лигни“, изјави Донг-Хјук, кој веќе почнал да рабти на новиот проект и досега има напишано 25 страници од сценариото.

Серијата „Игра со лигни“ ги освои гледачите низ светот, а Нетфликс ја прогласи за најдобра и најпопуларна оригинална серија на сите времиња. Сепак, целокупната повратна информација за неа е дека е полна со „прекумерно насилство“.

Покрај новиот проект, Хванг ја најави и втората сезона од споменатата серија, чиј датум на прикажување сѐ уште не е познат, но се верува дека ќе излезе во 2024 година.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....