18.8 C
Скопје
15:51 - 13 март, 2026

Ајурведски леб на Хунзите: Оригинален рецепт стар 2.000 години, овој леб ќе ви го смени животот

Хунзите се племе во кое живеат најздравите луѓе на планетата. Тајната на нивното здравје, меѓу другото, е ајурведскиот леб чапати наречен Камали.

Камали е традиционалниот леб чапати на племето Хунза, а рецептот за ова здраво пециво е стар околу 2000 години. Овој леб е многу здрав, а може да ви помогне и да ослабете, бидејќи е хранлив, па само 1 или 2 кришки леб Камали ќе ви го намалат апетитот и ќе ве натераат да не чувствувате глад 4 до 6 часа, пишува „Лав сенса“.

Лебот Камали не содржи шеќери или слатки адитиви, како повеќето модерни лебови чапати, а една од важните состојки е „ глечерското млеко “, односно минералната вода со боја на млеко што се топи од глечерите и е богата со минерали и хранливи материи од карпите. Секако, може да ја замените со врвна флаширана минерална вода купена во продавница.

Рецепт за леб Камали

Состојки: 1 чаша мелено брашно од цело зрно или мешавина од 1/3 пченично брашно и 2/3 брашно од хељда;

лажичка морска сол или солени зачини од зеленчук;

1/2 чаша глечерско млеко или минерална вода.

Подготовка:

Измешајтего брашното и солта, па полека додајте вода и мешајте додека да добиете тесто. Површината на која го правите лебот попрскајте ја со брашно, па месете додека тестото не стане меко и еластично.

Измесениот леб завиткајте го во влажна крпа и оставете го да отстои 30 минути.

Тестото поделете го на топчиња со големина од околу 3 сантиметри, па секое топче расукајте го во тенки тортиљи со дијаметар од околу 20 сантиметри.

Печете ги тортиљите на шпорет, прво од едната, па од другата страна , околу 10 минути.

Со подготовка на овој рецепт ќе добиете околу 10 лебови чапати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Norma Kamali (@normakamali)

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....