18.8 C
Скопје
17:20 - 24 октомври, 2026

Адријана Алачки полни 59 години, ова е нејзината приказна

Адријана Алачки, пејачката и водителка на емисиите „Везилка“ и „Вкусот на традицијата“ денеска полни 59 години.

Таа често зборува дека нејзин најголем животен подарок се децата и внуците, а во една прилика откри семејна приказна за зетот Игор и снаата Емилија и за тоа во каква релација е со нив.

Пејачката и водителка гостуваше во емисијата „Фактор среќа“ која ја води Ирена Спировска и зборуваше за тоа што е за неа среќа, па го спомена зетот Игор Димовски познат по проектот „Пауза за ракија“ и снаата Емилија.
„Главниот фактор за мојата животна среќа се само моите деца и нивните семејства. Затоа што, гледајќи ги нив, веќе се возрасни Грациела и Благоја, со свои деца, со свои семејства, гледајќи ги нив кај мене среќата не се дуплира, туку милион пати се дуплира.
Јас ги доживувам нивните среќи, нивните радости, тоа ме одржува во живот. Затоа што наутро кога ќе станам, без да ги слушнам на телефон дека се добри, дека сѐ е во ред мојот ден не може да започне. Потоа, нашите гледачи се развојот на мојата среќа, затоа што сум секојдневно со нив.
Среќна ме направија родендените на мојата внука постара Јана, мојот помал внук Јован, успесите на мојата снаа Емилија, мојот зет Игор, на моите деца“, рече Андријана.
„Не ги кријам годините. Тие се мојата гордост“, додаде таа.

Слични објави

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.
Се вчитува....