14:19 - 10 април, 2026

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

Пејачот Ацо Пејовиќ купи дуплекс во еден од најмодерните делови на Белград. Според извор близок до пејачот, квадратот во зградата чини околу 6.000 евра.

Пејовиќ бил особено воодушевен од модерниот дизајн на целата зграда, а го одушевиле и јонизаторите кои обезбедуваат чист, прочистен воздух. Зградата е необично осмислена – на покривот ќе има атлетска патека,  што дополнително ја зголемува вредноста на проектот.

„Ацо со години живее со сопругата во луксузна вила на Бежанија, но кога слушнал дека во неговиот крај се гради комплекс со вакви содржини, не размислувал долго. Одлучил веднаш да купи еден дуплекс. Квадратот во зградата чини околу 6.000 евра“, открива извор близок до пејачот.

Ацо Пејовиќ е еден од најбараните пејачи на домашната сцена, а цената на неговите настапи понекогаш достигнува и неколку десетици илјади евра. Има три ќерки и многу му е важно да ги обезбеди и мисли на нивната иднина. Засега не е познато дали ќе се преселат со сопругата Билјана во новиот стан или луксузната некретнина ќе ѝ припадне на некоја од неговите наследнички.

Ацо неодамна зборуваше за ситуацијата на естрадата, откако многу пејачи се жалат дека немаат работа како порано.

„За мене секогаш има работа. Некој нека се жали што нема работа, што да му правам? Јас уште вечерва настапувам, а потоа сум слободен и ќе се посветам на семејството“, рече Пејовиќ.

Неговата ќерка е специјализант по пластична хирургија, а тој не е поборник за менување на изгледот.

„Мојата ќерка е специјализант по пластична хирургија, има уште две години до завршување на реконструктивната и пластичната хирургија. Веќе работи во една приватна клиника во Белград, а за две години ќе бидам првиот кој ќе оди кај неа. Шалам се, немам потреба нешто да менувам кај себе. Јас сум од оние: како ти даде животот, така работи. Ако старееш, старееш. Што сега?“, изјави тој.

Слични објави

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova
Се вчитува....