5.8 C
Скопје
06:51 - 1 април, 2026

Аца Лукас со шокантна изјава за Атина Ферари: „Ме задоволи еднаш, имало и полоши – наутро не ми беше пријатно“

Фолк пејачот Аца Лукас повторно е во центар на вниманието, откако реалити учесничката Атина Ферари тврдеше во медиумите дека меѓу нив постоела љубовна врска.

Одговорот на Лукас, кој предизвика бурни реакции, не само што ја демантираше, туку откри и детали што ја шокираа јавноста.

За „Блиц“, Лукас изјави дека со никогаш не бил во врска со старлетата: „Со таа личност никогаш не сум бил во врска. А што сум правел со неа – па имало и полоши. Жив човек понекогаш ќе се зезне, па ќе направи навечер нешто што наутро не му е пријатно. Интимни односи не, врска никако“.

Тој додаде дека Атина, како што вели, „доста додала“ и на своите изјави: „Ако тоа што ме задоволи еднаш го смета за врска, тогаш таа е светски рекордер во врски“.

Во јавноста излегоа и наводни преписки меѓу нив, каде што Лукас ѝ пишувал пораки со љубовен тон. Сепак, пејачот вели дека нема ништо спорно во тие пораки: „Не мора баш во детали да објаснувам што сум сакал да кажам. Секако имав некаква намера, но тоа не значи дека сме биле во врска. Да беше така, ќе признев“.

Лукас остро ја прокоментира и интелигенцијата на Ферари: „Можам понекогаш да имам нешто со девојки со коефициент на интелигенција еднаков на бубашваба, ама за врска мора во главата да има нешто што се вика мозок. А тоа кај дотичната не е случај“.

Пејачот саркастично додаде дека со целата оваа приказна ѝ дава бесплатна реклама „од хуманитарни причини“, иако, според него, ни тоа нема да ѝ помогне да ја слушаат на вашар во Шабац.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....