6.8 C
Скопје
09:02 - 27 октомври, 2026

Ѕвездата од „Хари Потер“ со својата ќерка за неколку часа собраа милиони обожаватели

Instagram

Актерот Руперт Гринт може да се пофали дека неговата ќерка „го сруши Интернетот“. Познатата ѕвезда од „Хари Потер“, минатата година стана татко, а во ноември си направи инстаграм-профил и за неколку месеци доби милион следачи на таа социјална мрежа.

Фотографијата со неговата ќерка со која го обележа своето постоење на социјалната мрежа „Инстаграм“ му донесе на 32-годишниот актер милион обожаватели за само 4 часа и 1 минута.

Гринт и неговата девојка Џорџија Грум, го срушија рекордот кој го држеше Дејвид Атенборо, кој собра милион обожаватели за 4 часа и 44 минути.

Instagram
Instagram

„Мислам дека Венстеј го сруши Интернетот. Заслугата е дефинитивно нејзина“, напиша Реуперт, додавајќи дека не мислел дека некогаш ќе отвори профил на социјалната мрежа.

Во 2019 година рекордот го држеше инстаграм-профилот на Џенифер Анистон и војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Но, сега Гринт и Атенборо ги надминаа.

Instagram
Instagram

Со објавата што му донесе рекорден број следбеници на „Инстаграм“, Руперт Гринт за прв пат официјално ја претстави ќерката Венстеј пред јавноста.

Instagram
Instagram

„Еј, Инстаграм… Доцнам само десет години, но еве сум. Гринт на Грам! Тука сум да ви ја претставам на сите Венстдеј Г. Гринт“, напиша Руперт Гринт во описот на фотографијата.

Џорџија Грум и Руперт Грин се заедно до 2011 година.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....