12:12 - 18 ноември, 2026

Златко Ориѓански испрати силна порака: Аспасија Софијанова го спаси животот на мојата ќерка

Композиторот Златко Ориѓански вчера објави емотивен статус на неговиот фејсбук-профил, во кој се заблагодарува на проф. д-р Аспасија Софијанова што го го спасила животот на неговата ќерка.

Во објавата тој пишува дека различностите помеѓу него и докторката во моментите кога се лекувала неговата ќерка не биле битни, истакнувајќи дека „животот е сепак, над се“.

Прочитајте го неговиот фејсбук-статус:

„Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, вмро, јас сум контра вмро, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не!
На крајот, таа ми подари своја книга, јас и подарив моја музика. Животот е сепак, над се! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас.“

Слични објави

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.

Кеба го коментираше случајот со синот на Вељко Ражнатовиќ: „Секој има право на свое мислење, но тој исправно размислува“

E.A.

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо

Саша Ковачевиќ му го даде на синот своето вистинско име: малкумина знаат како навистина се вика пејачот

Еспресо

Николија Јовановиќ за почетоците со Реља Поповиќ: „Не можеше да се воздржи да заврши песната“

E.A.
Се вчитува....