5.8 C
Скопје
05:30 - 1 април, 2026

„Жената изгуби компас…“: Соседите на Ана Николиќ и Рале открија шокантни детали за животот на двојката

По скандалот и физичката пресметка со композиторот Горан Ратковиќ – Рале, пејачката Ана Николиќ повторно е во фокусот на јавноста. Овој пат, за нејзиното однесување проговорија и комшиите од зградата на Вождовац, кои тврдат дека веќе долго време трпат вознемирувачки сцени.

„Сцените на кои сведочиме се навистина мачни. Ана знае да биде љубезна, но често целосно ја губи контролата. Се случува ноќе да тропа со штикли по ходникот, да вреска или дури да падне во влезот. За сите нас тоа е вистинска агонија,“ изјавил еден од станарите за српските медиуми.

Комшиите велат дека не се изненадени што наводно и брат ѝ и мајка ѝ ѝ го свртеле грбот.

„Колку и да звучи сурово, ги разбираме. Ана знае да биде неподнослива. Кога е мирна, гледаме дека е добра личност, но во моменти знае да излезе од секоја контрола,“ додава сосед.

За нејзиниот однос со Рале, со кого неодамна дојде до жестока кавга, комшиите имаат поделени мислења.

„Врската им е бучна, тоа е очигледно. Ана често вика, кавгите се слушаат и надвор од станот. Но да нагласиме – насилството никогаш не е прифатливо и никој не го оправдува. Ана падна во криза поради Раста, а потоа се истури на рале“, вели една сосетка.

Станарите заклучуваат дека не се против пејачката, но се надеваат дека таа ќе успее да излезе од кризата.

„Ана не е лоша, само изгуби компас. Се надеваме дека ќе се среди, затоа што вака не може да живее ниту таа, ниту ние,“ велат комшиите.

Да потсетиме, Ана Николиќ го пријави својот партнер Рале за насилство, по што композиторот доби забрана за приближување. Пејачката јавно зборуваше за инцидентот и на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа нејзиното повредено лице и крвава маица.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....