13:08 - 2 април, 2026

ЗАГИНА ПОЗНАТ МЛАД ЈУТЈУБЕР: Џош Њуман беше популарен по неговите смели видеа

Џош Њуман беше познат по неговите смели видеа, вклучувајќи скокање со падобран од авион и тркање по планина. Едно видео со скејтбординг во 2020 година привлече повеќе од 106 милиони прегледи на „YouTube“. Американскиот Јутјубер и скејтбордер загина во авионска несреќа на Исланд, а покрај него загинаа уште три лица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Neuman (@joshneuman)

Њуман, кој снимал видеа за скејтборд за речиси 1,2 милиони претплатници на YouTube, разгледувал и снимал реклама на Исланд кога авионот во кој бил исчезнал на 3 февруари. Властите пронашле четири тела во неделата во езерото Тингвалаватн, во близина на главниот град Рејкјавик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Neuman (@joshneuman)

„Смртните останки на четири лица во езерото се пронајдени и лоцирани на длабочина од 37 метри или помалку“, се вели во соопштението на исландската полиција.

22-годишникот бил на Исланд за да снима комерцијални содржини заедно со белгискиот моден бренд „Suspicious Antwerp“, кој објавил соопштение на својата официјална веб-страница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Neuman (@joshneuman)

„Џош ја претставува страната на човештвото што сите ние се стремиме да ја постигнеме. Начинот на кој тој не само што допре, туку влијаеше на животите беше неизмерен“, се вели во семејната објава на страницата на Њумен на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Neuman (@joshneuman)

„Во неговата потрага по авантура, жед за креативност и страст за лично размислување, тој навистина влијаеше на сите оние што ги допре. Додека светот плаче, треба да знаеме дека тој замина правејќи го она што го сакаше затоа што штотуку ја виде поларната светлина на Исланд за прв пат: „Ова е најсреќниот ден во мојот живот“, продолжува објавата.

Властите соопштија дека мисијата за извлекување на телото морала да биде прекината во неделата поради опасните временски услови, но ќе продолжи откако ќе се подобрат условите.

 

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....