20:24 - 6 април, 2026

Вреди 350.000 евра: Чолиќ им купи стан на ќерките во елитната белградска населба Белград на вода

Здравко Чолиќ уште еднаш докажа дека е татко за пример. Најголемата музичка ѕвезда на Балканот неодамна издвоил 350.000 евра за да ги израдува своите ќерки, Уна и Лара, со стан во елитната белградска населба „Београд на води“.

Станот се наоѓа во еден од најпопуларните делови на градот, во близина на трговски центар и ексклузивни ресторани. Таму наследничките на Чолиќ често може да се сретнат во прошетка или на семејни излегувања.

„Чолиќ се отвори убаво, купи стан за ќерките. Така и треба. Ги гледаме редовно во населбата, уживаат во животот,“ вели извор близок до семејството.

Иако приватниот живот со години го крие од јавноста, ќерките на Чолиќ привлекуваат внимание со својот луксузен начин на живеење. Постарaта Уна веќе е активна на социјалните мрежи, каде што објавува фотографии од егзотични дестинации – од Дубаи и Миконос, до Венеција, Португалија и хрватските острови.

Сам Чолиќ не крие дека своите наследнички ги разгалил.

„Имам две ќерки кои се разгалени, нормално е тоа. И јас би бил таков на нивно место. Секако, ние им даваме сè, но очекуваме и тие да знаат да го ценат тоа,“ изјави тој во една емисија.

Слични објави

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо
Се вчитува....