3.8 C
Скопје
22:37 - 11 март, 2026

Војаж му одговори на Ѓоле Ѓогани: „По добриот коњ секогаш се крева прашина“

Михајло Веруовиќ – Војаж откри што мисли за Ѓоле Ѓогани, но и за другите колеги кои сакаат да го коментираат.

По изјавата на Ѓоле дека Војаж е „фиќфириќ“ бидејќи не му се јавил кога се сретнале во авион, младиот музичар сега го изнесе својот став.

„Кариерата не сум ја градел на скандали и кавги со други луѓе, туку на музика – тоа е мојот главен производ. Ѓогани не е единствениот што лае, има и други и тоа е во ред. Се водам по тоа дека ‘по добриот коњ се крева прашина’. Повеќе треба да се фокусирам на новиот ЕП отколку на прозивки од човек 30 години постар од мене“, рече Војаж.

Потоа откри и како генерално реагира на негативни коментари од постари колеги:

„Не знам зошто ме коментираат постари колеги, јас нив не ги спомнувам и не сакам ни да размислувам за тоа. Секој што мислел дека моето ќе биде краткотрајно, се надевам дека го разуверив. Дури сега допрва ќе се случуваат работи. Многу сум млад, најмладиот сум на естрадата, пред мене се години. На мене е да работам, да бидам фокусиран на себе и да го дадам својот максимум“, истакна Војаж.

Да потсетиме, Ѓоле Ѓогани раскажа каква ситуација имал со Војаж за време на патување:

„Се сретнавме неколкупати, не беше пријатен со луѓето околу него. Седиме во авион – мојата жена Весна, Аца Лукас и дете, и он само поминува покрај нас… А Аца го погледна и вели: ‘Гледај го малиов фиќфириќ’, знаеш онака… Му реков: ‘Ајде, остави го, гледаш дека не гледа подалеку од својот нос”“, бил јасен Ѓоле.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....